Заев: Се бараат решенија за граѓаните со истечена лична карта

На вчерашната владина седница ги задолживме економските ресори да се изнајдат начини за да се стави целосно во функција животот на граѓаните на кои им е истечена личната карта или вадат лична карта по првпат. Верувам дека ќе најдеме решенија во најбрз можен рок и јавно ќе ги соопштиме, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Законот за лични карти е блокиран затоа што последните измени, кои беа на предлог на БЕСА со одложено дејство до 2023 година, се блокирани од Левица. Ние сме демократија и еве партија со два пратеника може да ги блокира процесите заради тоа што законите и Деловникот на Собранието тоа го дозволуваат. Овие денови сме принудени да бараме решение за сите оние граѓани апликанти за нова лична карта заради истечена или за првпат добивање лична карта или слично. Бројката е околу 40.000, рече Заев во одговор на новинарско прашање на означувањето на почетокот на новата инвестиција на „Алмак“ и „Дура аутомотив системс“ во ТИРЗ Скопје.

За еден дел од нив, потенцира, го разгледуваме начинот како да најдеме решение тие да гласаат на претстојните локални избори.

-Ако имаат пасош ќе гласаат со пасошот како друг дозволен документ за идентификација на изборите, но ако немаат пасош, а немаат валидна лична карта бидејќи истечената не важи не можат да гласаат. За ова решение бара Министерството заедно со Државната изборна комисија, прецизира Заев.

Уште посложен проблем, како што кажа, е што овие граѓани најчесто мора да имаат валиден документ – лична карта за да примат пензија, социјална помош и да ја остварат било која трансакција.

18.08.2021 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега