Заев: Се укинува акцизата од 3 денари, а се воведува еколошка такса со која ќе се подобрува екологијата

Акцизата на дизелот од три денари сега се укинува и се заменува со три и пол денари еколошка такса. Акцизата веќе ја нема, а имаме еколошка такса со која ќе се собираат пари во зелен фонд за подобрување на екологијата,истакна премиерот Зоран Заев во гостувањето на Телма.

-Целта е час поскоро да ги замениме јаглените термоелектрани со обновливи извори на енергија. Доколку сакаме чист воздух и екологија, државата мора да интервенира. Токму затоа воведувањето на еколошка такса е за формирање на еколошки фонд и праведна транзиција“ рече Заев.

Тој додаде дека со таксата од три и пол денари ќе бидат опфатени дизелот, бензинот и мазутот, додека за безоловниот бензин таа ќе изнесува 3 денари.

-И покрај тоа цената на нафтата остнува најниска на целиот европски континент. Граѓаните велат дека е должност на државата да се стави во заштита на здравјето. Тоа го правиме, правиме покачување на цените на фосилните деравати и испраќаме порака за одвраќање од користење поради екологијата. Собраниете пари од таксата ќе одат за проекти за зелената агенда, рече Заев.

Додаде дека државата исто така работа на отворање на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори и дека планот е до 2028 година целосно да запре производството на струја во јаглените термоцентрали.

23.06.2021 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега