Заев со честитка до екипата на филмот „Сестри": Горд сум што успесите на нашите млади таленти се прифатени и во светски рамки

Филмот „Сестри” во режија на Дина Дума, а во продукција на Лист продукција, ја освои специјалната награда од жирито (East of the West Special Jury Prize) на 55-то издание на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка.

Премиерот Зоран Заев упати честитка до целата екипа.

"Честитки до целата филмска екипа на македонскиот филм „Сестри“ – дебитантски долгометражен филм на Дина Дума, кој доби специјална награда од жирито на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка.

Горд сум што успесите на нашите млади таленти се прифатени и во светски рамки и тоа е уште една причина во континуитет да ги поддржуваме.

Агенцијата за филм - North Macedonia Film Agency ги препознава вистинските проекти и го поддржа овој современ европски филм, кој е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово. Резултатите се очигледни кога поддршката оди на вистинското место", напиша Заев. 

29.08.2021 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега