Заев: Успешна беше акцијата да се натера Мијалков да се пријави, истрагата ќе покаже кој потфрли

Имавме успешна акција за натерување на беглецот да се пријави пред органите на прогонот. Истрагата мора да се спроведе до крај дали некаде затаил системот, дали има одредени слабости, дали кај институциите под извршната власт или во правосудството. Со тоа се надеваме дека ќе извлечеме поуки и ќе видиме каде се слабостите со цел нивно отстранување, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Тој напомена дека овој случај ги охрабри граѓаните дека е можна правда. Имало милион шпкулации во минатите години од секаков можен карактер, државата била 11 години под режим за сомневање за украдени стотици милиони евра, а истите „бушат“ системи.

– Овие пари предизвикуваат корпуција, рушат секакви системи, а дури и цели држави. Ние успеавме вакви процеси кои беа отворени од СЈО да ги придвижиме кон завршница, односно да се создадат услови да се завршат самите предмети. Денеска задволството кај мене, кај целиот наш народ е големо, кога има успешни завршници – рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега