Загина млад словенечки пожарникар кој ги гасеше пожарите во Македонија

19-годишен словенечки пожарникар кој учествуваше во гаснењето на пожарите кои летово беснееја во Македонија загинал во сообраќајна несреќа пред неговито 20-ти роденден, објави Дојче Веле чија фотографија стана симбол на солидарноста од Словенија борбата со огнената стихија.

- Од Словенија денеска ни пристигна тажна и трагична вест за смртта на Жан Кофол, пожарникарот кого го портретиравме за време на пожарите во источна Македонија во август годинава. Кофол беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гаснењето на огнената стихија во околината на Берово и Пехчево. Кофол го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на родната Нова Горица во вторникот на 28 септември, еден ден пред неговиот 20 роденден. Слава му, објави Дојче веле.

 

29.09.2021 - 22:47
Фото: 
Арбнора Мемети/Дојче веле

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега