Застрелан познат пејач, докторите се борат за неговиот живот


Познатиот француски пејач Кенџи Жирак (27) бил застрелан во градите, по што бил сместен на одделението за интензивна нега.

Престрелката се случила во Бордо. Пејачот моментално се бори за живот во Универзитетската болница во Бордо, јавуваат странските медиуми.

Нападот се случи рано утринава за време на неговата посета на туристички камп во блискиот Бискарош.

-Беше во кампот за патници каде беше ранет од огнено оружје – рекол изворот.

Полицијата го примила повикот околу пет часа и 30 минути, а кога пристигнала на терен се соочиле со 20-ина лица кои одбиле да дадат каква било информација.

-Во меѓувреме, итните служби згрижија тешко ранет маж кој беше застрелан во градниот кош и итно беше пренесен во болница – додава упатениот. Откако беше потврдено дека жртвата е победник на музичкиот натпревар „Глас во 2014 година, беше објавено дека животот на пејачот е во опасност.

Жирак е татко на едно дете. Објави пет албуми и сними дуети со познати колеги од Франција.

Тој често зборувал за тоа како растел во карван и како работел физички работи откако го напуштил училиштето на 16 години, пишува Дејли Мејл.

23.04.2024 - 18:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега