Затворски хрор во Србија: Со рачка од метла силувале 70 годишен дедо - починал од повредите

70 годишен затвореник во затворот во Падинска Скела во Србија на почетокот на февруари починал веројатно како последица на силување.

Обвинителството наредило истрага за да се утврдат сите детали за неговата смрт. Се верува дека мажот некое време бил малтретиран од другите затвореници.

Како што неофицијално дознава Блиц, надлежните се сомневаат дека смртта е последица на силување со рачка од метла, при што биле повредени внатрешни органи.

По трагичниот настан, управникот на затворот бил разрешен, јавува Блиц.

Инаку, Падинска скела е најмодерниот затворски комплекс во Србија, воедно и озлогласен затвор во кој се сместени тешки криминалци, а со години тој казнено-поправен центар го тресат сексуални скандали.

 

20.03.2024 - 07:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега