Завршија блокадите поради францускиот предлог, нормализиран е сообраќајот на патиштата

Денеска се одржаа блокади на неколку патни правци поради францускиот предлог, а АМСМ информира дека сообраќајот е нормализиран во моментов.

 

„Во 13:40 ч кај новата патарина „Кадрифаково“ на патот Штип – Скопје, сообраќајот е нормализиран.

Во 14:00 ч собирот кај Плетвар завршил, сообраќајот е нормализиран.

Во 14:00 ч Струмица – Радовиш кај с.Василево, собирот завршил без проблеми сообраќајот е нормализиран.

Во 14:00 ч Штип – Велес кај с.Сарамзалино, собирот завршил без проблеми сообраќајот е нормализиран“, соопштија од АМСМ.

08.07.2022 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега