Здравствените работници порачуваат: 2020 година не научи дека најважни се нашите семејства и најблиските

Ако нешто нѐ научи оваа 2020 година тоа е сигурно дека најважни се нашите семејства и нашите најблиски, порачуваат здравствените работници.

Тие ја поддржуваат кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Здравствените работници порачуваат дека има време за големи журки и големи забави, кои сите граѓани ги посакуваат.

-Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова Година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова Година да биде сосема на друг начин прославена. Направете го тоа за вашите најмили, а со тоа ќе не заштитите и нас. Оваа состојба ќе заврши еден ден и ќе имаме многу подобро утре. Им порачуваме на сите граѓани сѐ она што е возможно да се одложи, да го одложат за некои наредни нови години да ни бидат подобри. Да ги почитуваат мерките за заштита и превенција, со цел да имаме подобар исход и да излеземе како победници, сите заедно, од сето ова. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти. Среќни празници, чувајте се и останете во добро здравје!, порачуваат здравствените работници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега