Зечевиќ од Берово: Националното помирување околу европскиот пат е врв на современиот патриотизам

Национално помирување и семакедонско обединување, во најшироката смисла, национална, меѓунационална, политичка и државна, околу иднината, околу европскиот пат е врвот на патриотизмот, порача вечерва од Берово, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на средба со членови и симпатизери од општинската организација во Берово.
-Наместо да го слушаме како историско ехо на крикот на еден исконски народ за место под сонцето, ние мора да ги поставиме новите доктрини на македонизмот и современиот патриотизм, на државата и на нацијата, во констелацијата на идните регионални соработки, на европските асоцирања, на глобални позиционирања. Или ќе го препознаеме овој нов историски моментум, ќе се погледнеме меѓу себе, ќе ја превземеме заедничката одговорност, ќе се обединиме сите околу минимум консензус за европската иднина, за крунските егзистенцијални прашања за Републиката, како наш идеал. Или ќе останеме заглавени во длабокиот жив песок на периферијата на новото време. СДСМ секогаш е на вистинската страна и подготвена да води на тој европски пат. Но неопходно е национално обединување за нов генерациски успех, рече генералниот секретар Миле Зечевиќ.
17.11.2022 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега