Зечевиќ: СДСМ е македонски печат на европската идеја

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ попладневно ги продолжи интензивните теренски активности и средби со членовите на партијата во североисточниот регион на државата, при што зборуваше за политиките на СДСМ и во изминатите 31 години но и нивното значење денеска, за европскиот пат и македонската иднина.

„СДСМ е печатот на македонската европска идеја. Од кандидатскит статус до почетокот на преговорите со заштитен македонски јазик. Ние сме носителите и наша обврска за иднината на оваа земја, овој концепт на Европска Македонија во целост да го релизираме. Членство во ЕУ како Македонци значи исполнување на последната стратешка и национална цел. Рамноправни во европското семејство на народи, со подобар животен стандард и сигурна иднина“, рече Зечевиќ.

Придонесот на секој член на СДСМ во реализацијата на овие стратешки, државнички цели е огромен и значаен.  Почеток на преговори со ЕУ со македонски јазик, постигнат благодарение на визијата и одлуките донесени од СДСМ, е континуитет на тој современ македонски патриотизам, додаде Зечевиќ.

-Успеавме политички и економски да ја стабилизираме земјата. Сега од нас зависи. Од секој член на СДСМ очекувам максимална мобилизација, присутност на терен, меѓу граѓаните, меѓу членовите и работа за реализација на овие високи, државнички и национални цели. Затоа што од нашиот активизам, од нашата работа, зависи иднината на државата, рече генералниот секретар Миле Зечевиќ.

03.11.2022 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега