Зечевиќ во Радовиш: Македонската иднина е европска

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, денеска ги продолжува интензивните теренски активности во повеќе македонски градови и населени места.

На средба со членовите и симпатизерите на СДСМ во Радовиш Зечевиќ изрази благодарност за придонесот на секој член на СДСМ и порача дека партијата внатрешно е консолидирана и подготвена да води напред, да ја обезбеди македонската иднина.

-Македонската иднина е европска и СДСМ води по тој пат. Како државотворна партија СДСМ повикува сите да ни се приклучат, затоа што тоа е врвен македонски национален интерес. Македонскиот европски пат е вистинскиот пат и треба да заврши со полноправно членство во ЕУ. Како Македонци да бидеме рамноправни во големото европско семејство на државотворни народи. Сите треба да се обединиме околу овие европски вредности и овој концепт за македонската иднината. Со заеднички сили да ја обезбедиме иднината што ја заслужува, што ја заслужуваат нашите деца и идните македонски генерации, еднаш, засекогаш, рече Зечевиќ.

Генералниот секретар посочи дека придобивките од почетокот на преговорите со ЕУ граѓаните веќе ги препознаваат, додавајќи дека македонскиот јазик е заштитен и рамноправен со јазиците на сите земји членки на Унијата, а добивме и помош за справување со енергетската криза директно од ЕУ каде само првата транша е 80 милиони евра.

06.11.2022 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега