Земјотрес ги стресе дебрани - Граѓаните се вознемирени

 
Дебрани попладнево ги вознеми земјотрес, чиј епицентар е регистриран во околината на пограничното албанско градче Булќиза, околија Пешкопеја.
 
Потресот беше во 16:10 часот, а според албанските медиуми бил со јачина од 4  степени според Рихтеровата скала.
 
 
Пред десеттина дена регистрирани беа серија од дваесеттина земјотреси со епицентар во истата област, која е на оддалеченост од триесеттина километри од Дебар. Најсилниот беше со јачина од 4,8 степени.
 
Дополнителен проблем на дебрани е што има и прекин во снабдувањето со електрична енергија од 15:30 часот без никаква претодна најава.
12.11.2021 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега