Земјотрес почувствуван во Пијанечко-малешевскиот регион

Земјотрес со средна јачина денеска околу 13:30 часот почувствуван во Пијанечко-малешевскиот регион. Граѓани јавуваат дека истиот бил краткотраен, но се почувствувал и предизвикал мала паника неѓу населението.

– Отприлика 7,8 секунди траеше потресот и како стоев на земја како да ме подигна од земја. Истиот го почувствуваа сите вработени по што излеговме надвор од фабриката, вели жител на село Разловци.

Земјотресот го потврдија и жители на Пехчево кои истакнаа дека по ударот забележале повеќе граѓани надвор од своите домови.

 

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денесна 01.09.2020 година во 13 часот и 31 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 120 km југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.4,а беше почувствуван од населението во Пехчево, Делчево и околината со интензитет одIIIстепени според Европската макросеизмичка скала, велат од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

 

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега