Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата, на Ќафасан се чека 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, соопшти АМСМ.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега