Жена се породи под мост во Прилеп: Пожарникари и лекари интервенирале на местото на настанот

Несекојдневен настан се случи вчеравечер во Прилеп. Жена се породила под мостот на улицата „Димо Наредникот“. Како што пренесуваат медиумите, на местото на настанот биле присутни екипи на брзата помош и пожарникари кои интервенирале да ги извлечат жената и детето од речното корито.

Согласно пишувањата на очевидците на социјалните мрежи, жената била од ромска националност. Карактеристично за нејзе, било тоа што подолго време живеела токму под мостот, а често и помагале жителите од околните згради.

Сведоците велат дека, жената и бебето биле однесени со возило на брзата помош, апелирајќи до надлежните да не се повторуваат вакви настани.

15.11.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега