13-годишник се товари за 13 тешки кражби, разбојништва и краедње моторни возила

13-годишен малолетник од Струмица се сомничи дека извршил 13 кривични кривични дела, тешки кражби, разбојништва и одземање на моторни возила и велосипеди. Тој оперирал во Струмица, Радовиш и Кочани.

-Малолетникот кривичните дела, за кои се обезбедени и материјални докази, ги направил во последните два месеца на територијата на Струмица и населените места во струмичко, во Радовиш и во Кочани. Тој бил повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2020 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега