Ахмети: Годинава ќе ја паметиме по Коридорот 8 - Среќна Нова 2024 браќа и сестри

 

„Драги браќа и сестри,
Во последните моменти од годината што ја оставаме зад нас, заедно ги одбележуваме успесите, предизвиците и тешкотиите со кои се соочивме и успешно да ја започнеме новата година, со нови прогресивни амбиции.

Годинава ќе ја паметиме со почетокот на реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект од осамостојувањето на државата, Коридорот 8, претседавањето со ОБСЕ, економското закрепнување со намалување на невработеноста, повисоки пензии, повисока минимална и просечна платa, со изградба на нови училишта, градинки, болници, универзитети, студентски домови, патишта, итм.

Европа останува дестинација кон која решително го продолжуваме нашиот од во 2024 година, обединети во еден фронт и подготвени да ги придвижиме процесите напред“, стои во новогодишната честитка на Али Ахмети.

„Во 2024 година ви посакувам да имате пред се здравје, мир, среќа и благосостојба во вашите семејни домови!“, се додава во честитката на Ахмети. 

31.12.2023 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега