Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

 

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари работна средба со директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска Спирова, а потоа се сретна и со директорот на Клиниката за државна кардиохирургија, Дејан Димитровски. 

На средбите стана збор за актуелните состојби во овие јавни здравствени установи, како и за можностите за нивно зајакнување и целокупно унапредување на условите во интерес на пациентите и на самите здравствени работници. 

Воедно, на средбите се разговараше за тековните предизвици со кои се соочуваат двете клиники, имајќи предвид дека секојдневно третираат исклучително комплексни и тешки случаи.
25.08.2025 - 16:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега