Скопјанец нелегално излегол од државата и покрај забраната, го фатиле кога сакал да се врати

 


Вчера во 22:40 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го привеле А.Р.(36) од Скопје затоа што при гранична контрола било констатирано дека  евидирал во оперативната евиденција со мерка „судска забрана за излез од РСМ“.

Со него бил извршен службен разговор, по што било констатирано дека претходно извршил илегален излез од државата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

25.08.2025 - 15:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега