Ахмети: Пописот е точен и реален, сите граѓани треба да ги прифатат резултатите од него

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во ексклузивното интервју за indeks.mk зборува за пописот и резултатите од овој процес.

Во него Ахмети вели дека ова е еден статистички процес на кој беа ангажирани цели тимови. Направен е попис на резидентно и нерезидентното население, извршена е регистрација на домаќинствата и националните добра во државата.

Овој момент не треба да служи за политизирање на народот потенцира Ахмети и апелира истиот да не се злоупотребува од политичките субјекти за нивните секојдневни политики бидејќи тоа го тероризира населението.

На овој статистички процес беа вклучени и меѓународни експерти од ЕУРОСТАТ кои дадоа добри проценки за организираниот попис. Во повеќе земји се има случено да не е регистирано целото население. Може некаде 5 проценти, 10 проценти, 7 проценти, во сите земји каде што се спроведува еден ваков статистички процес, целото население да не учествува или биде регистрирано, додава тој.

Ахмети апелира процесот да не се политизира од страна на двете политички заедници, Македонската заедница и нивните политички претставници како и Албанската заедница и нивните политички претставници.

30.03.2022 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега