Али Ахмети се сретна со албанскиот претседател: Разговарале за зајакнување на односите

 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска се сретнал со албанскиот претседател Бегај. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели лидерот на ДУИ. Во објавата напомена дека разговарале за продлабочување на односите меѓу двете држави но и за евринтеграцијата на регионот.

„Денес во Охрид имав задоволство да се сретнам со претседателот на Република Албанија, г-дин Багај. Посветено разговаравме за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Албанија и за важноста од продлабочување на регионалната соработка со цел стабилност, развој и целосна интеграција на нашиот регион во Европската Унија. Соработката меѓу нашите земји е клучна за градење мостови на разбирање, зајакнување на стратешките партнерства и давање на регионот јасна европска насока. Нашата заедничка посветеност кон европската иднина не е само политичка цел, туку и заедничка визија за одржлив мир, економски развој и перспектива за нашите граѓани“, напиша Ахмети на социјалните мрежи.

13.07.2025 - 11:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега