Апасиев: И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме

 

„Не очајувајте, другари, долг е патот на борбата! Главата горе. И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! А допрва почнуваме“, пишува фронтменот на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук-профил.

Мојот земјак, велешанецот Панко БРАШНАР беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор. Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро Глигоров. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе ‘суверена, самостојна и независна Република Македонија’. Ноќеска им го пробивме системот. Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува ‘будалите’“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.

Со нешто помалку од 5% гласови, политичката партија Левица освои мандат во Изборната единица 1 каде што беше носител токму Димитар Апасиев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа