Апасиев: Шитнавте име за волја!?

 

Лидерот на политичката партија Левица преку социјалните мрежи повторно ја актуелизира промената на уставното име. По денешната посета на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, напиша краток статус на Фејсбук.

-Шитнавте име за волја!?, прашува Апасиев.

Борел денеска рече дека не може да даде ветување дека земјава во јуни ќе ги започне преговорите за влез во Унијата. Тој повтори дека местото на Македонија е во ЕУ и оти Брисел прави сѐ што може преговорите да почнат на следната меѓувладина конференција.

-Местото на С. Македонија е во европското семејство. Ветување? Не можам да ветам. Но, можам да ве уверам дека чиниме сѐ што можеме за пристапните преговори со Албанија и С Македонија да започнат на следната меѓувладина конференција затоа што тоа е приоритет за ЕК и но за мене, рече Борел.

14.03.2022 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега