Апасиев: Утре ќе поднесеме 101 тужба до Управниот суд

 

Лидерот на Левица преку социјалната мрежа Фејсбук најави дека утре партијата до Управниот суд ќе поднесе 101 тужба.

Според него, Државната изборна комисија со право отфрлила 1.500, бидејќи како што вели, си играле дрндупки за да соголат дека немаат појма од толкување на правото.

-Но, 500 приговори ни се мериторно ОДБИЕНИ - со образложение дека „не биле впишани никакви забелешки од нашиот претставник во Записникот“!? А, пази, богати - ние приговараме дека сумираните резултати не одговараат во хартиените и во електронски внесените записници! Впрочем, како би можел нашиот претставник на конретното избирачко место, да претпостави или да знае, дека по неколку часа од затворањето на местото и сумирањето на резултатите - истите ќе бидат погрешно внесени во електронскиот систем на ДИК? Дали е тој видовит, па да знае однапред што ќе се случува во иднина, за да може уште на самото место, прејудициелно и превентивно да „стави писмена забелешка во записникот“!?, напиша Апасиев на Фејсбук.

1.500 приговори на Левица се отфрлени. И со право. Оти си игравме дрндупки, за да ги соголиме дека немаат појма од...

Posted by Димитар Апасиев on Tuesday, 21 July 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега