Apple избриша апликација за iPhone која промовираше тајни забави за време на пандемијата

 

Апликацијата наречена Vybe Together која промовираше приватни забави за време на пандемијата на коронавирусот е отстранета од App Store, додека на интернет е прочистено широкото присуство на оваа апликација.

Оваа апликација беше платформа која поттикнуваше дружење за време на пандемијата. Организаторите на тајните забави, преку апликацијата одобруваа кого сакаат да го видат на својата забава, а тие кои добиваа одобрение, два часа пред да започне забавата добиваа информација за локацијата.

Со оглед на тоа што ваквиот тип на забави, однсоно групирање на поголем број на луѓе во затворен простор е противзаконско во повеќе земји, Apple одлучи целосно да ја отстрани Vybe Together од App Store.

Апликацијата имаше илјадници корисници, а уште неколку илјади заинтересирани луѓе побараа пристап откако на TikTok започнаа да се појавуваат видеа од забави организирани со помош на Vybe Together.

Посебно внимание апликацијата Vybe Together доби откако новинарот на „Њујорк Тајмс“, Тејлор Лоренц на „Твитер“ ја опиша како апликација за промоција на небезбедни големи корона забави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2021 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега