Арачиновец обвинет за убиство на сопругата: Со пиштол пукал во нејзината глава
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривичните дела – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 39-годишник, на 29 април, во семејниот дом во селото Арачиново, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Тие откако се вратиле од прошетка и влегле во нивната соба, започнале вербална расправија заради брачни недоразбирања. Во еден момент, обвинетиот се упатил кон подрумските простории во куќата каде што неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Pietro Beretta MOD.70” со калибар 7,65 мм. Пиштолот го ставил во џебот од јакната и се вратил во собата каде што била оштетената. Двајцата сопружници продолжиле да се расправаат, а обвинетиот го извадил пиштолот, го вперил кон оштетената со закана дека ќе ја убие и испукал еден куршум во задната страна на главата. Од повредите дошло до пореметување на работата на важни витални центри и настапил смртен исход кај оштетената.
Јавниот обвинител до Судот достави и предлог со кој, заради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците, побара да биде продолжен претходно определениот притвор за обвинетиот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа