Арсовски: Обвинителството на Рускоска е во директна спрега и команда со Зоран Заев

Граѓаните чувствуваат бројни неправди на своја кожа и затоа протестите стануваат се помасовни. Оваа влада работи единствено за интересите на семејството Заеви и затоа народот се крена, вели во интервју за „Република“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, пред денешниот голем протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

-Протестите ќе продолжат и во следниот период. Заев може да очекува жешка есен.Народот се мобилизира. Не може веќе да ги трпи овие неправди и одговор на тоа е и денешниот протест за неправдите кои се случуваат-вели Арсовски.

Арсовски е убеден и дека во Македонија нема правда и оти не може да ја има со обвинителка како Вилма Рускоска.

-За сите скандали на премиерот нема ниту еден отворен случај  со што доаѓаме до заклучок дека Обвинителството на Вилма Рускоска е под директна команда и спрега со Зоран Заев.Може да се отвораат непостоечки случаи кон ВМРО-ДПМНЕ, кон наши функионери, може Рускоска да го тужи ВМРО-ДПМНЕ за нарушување на своето здравје и душевна болка, лутина но тоа повлекува и друго а тоа дали таа е подготвена да го води Обвинителството и да биде непристрасна. Но нема да слушнете ни еден случај што е отворен по допрен глас за функционери на СДСМ -заклучува Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа