Арсовски: Поради неспособност Владата на СДСМ не искористи 130 милиони евра, пари од европските фондови

 

Владата на СДСМ не искористи над 130 милиони евра, пари од европските фондови заради нивна вина. Некадарноста и неспособноста на СДСМ и на оваа Влада ја чини Република Македонија и македонскиот народ 130 милиони евра пропуштена шанса за капитални инвестиции, шанса за развој на инфраструктурата на Република Македонија. СДСМ ветуваа инфраструктурни проекти за поврзување со соседните земји, како на пример железницата кон соседна Бугарија, но втор пат додека се на власт ги лажат граѓаните.

Ова вечерва од партиското седиште го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што вели, алчноста за крадење на СДСМ и семејството Заеви, ја опустошила Република Македонија и ја лишува од европските фондови.

-Наместо да работат на вакви проекти помогнати од нашите партнери од европските фондови, оваа Влада единствено е посветена на крадење и не ја интересира ништо друго. Затоа, застојот во инфраструктурниот развој на Република Македонија е единствено вина само на СДСМ и Зоран Заев кои немаат кадар кој може сето тоа да го сработи, а за тоа потврдуваат и земји членки на Европската унија. Развојот на инфраструктурата во Република Македонија, не е дел од агендата на СДСМ. Агендата на СДСМ и на оваа Влада на Зоран Заев е единствено криминал, крадење и делење тендери на нивните функционери. Затоа Република Македонија не може и не оди напред, рече Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2020 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега