Автобуска несреќа во Букурешт, едно лице загина

 

Едно лице  загина, а најмалку 20  се повредени во тешката собраќајна несреќа што се случи попладнево во центарот на Букурешт, кога автобус со туристи од Грција удри во столб за мерење на висина.

Автобусот со 47 патници, како што објавија грчките медиуми, тргнал синоќа од Волос, направил пауза во Лариса и во Солун, а денеска, во попладневните часови, пристигнал во романскиот главен град. Според нив, кога шоферот влегол во центарот на Букурешт, не го видел столбот и, веројатно со преголема брзина, удрил во него по што паднал врз кровот на автобусот.

 

 

23.12.2022 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега