Бајден го претстави својот надворешно-политички тим: Со овие луѓе ја враќа Америка на глобалната сцена

Избраниот претседател на САД, Џо Бајден денеска формално во јавноста го претстави својот тим задолжен за дипломатија и национална безбедност.

Составот на тој тим сигнализира пресврт во однос на политиката „Прво Америка“ на администрацијата на Трам и враќање на американскиот ангажман на глобалната сцена пренесува Гласот на Америка.

Претставувајќи ги соработниците, Бајден ја изнесе визијата на надворешната политика заснована на американското преземање на улогите на глобалните лидери и зајакнување на созујот во азиско-пацифичкиот регион, наведува ВОА, повикувајќи се на агенцијата АП.

Бајден почнал да ги именува членовите на својот кабиент и другите високи државници и вети дека новата администрација ќе се рефлектира со разноликост на американскиот народ.

Бајден досега го именуваше Ентониј Блинкен (58 години, државен секретар), Алехандро Мајоркас (60 години, секретар за внатрешна безбедност), Линда Томас Гринфилд ( 68, амбасадорка на ОН).

Тука е и Џон Кери (76, поранешен потпретседател на САД, кој ќе биде специјален надлежен за климатски промени).

Еврил Хејнс ќе биде директорка на безбедносните сили, а Џејк Саливен ќе биде советник за национална безбедност.

Поранешната шефица на Федералните резерви Џенет Јелен ќе биде кандидат за секретарка за финансии, а доколку биде избрана ќе биде првата жена на таа положба.

Бајден изрази надеж дека Сенатот брзо ќе ги потврди неговите кандидати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега