Бајден ќе го прими Шолц во Белата куќа на 7 февруари

 
Американскиот претседател Џо Бајден ќе го прими германскиот канцелар Олаф Шолц во Белата куќа на 7 февруари, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
 
 
„Тие ќе разговараат за обврската да се продолжи преку дипломатски пат и заеднички напори за одвраќање на Русија од агресија врз Украина", рече таа во соопштение.
 
 
Во Париз вчера се одржа состанок меѓу Русија и Украина со француско-германско посредство за решавање на украинската криза, а во тој состав е најавена нова средба за две недели во Берлин.
 
 
Состанокот во Париз се одржа откако САД и НАТО писмено одговорија на барањата на Русија за смирување на тензиите.
 
Русија распореди десетици илјади војници на границите на Украина во последните месеци, што предизвика страв од инвазија. Иако Москва негира каков било таков проект, Кремљ инсистира на писмени гаранции за неговата безбедност, вклучително и ветување дека Киев нема да се приклучи на НАТО
27.01.2022 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега