Бајден со реакција по наредбата за божиќното примирје во Украина: Путин сака да се одмори

 

Американскиот претседател Џо Бајден се осврна на наредбата на Путин за привремен прекин на огнот и изрази скептицизам за неговите вистински намери. Имено, рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди прекин на огнот во Украина, кој ќе трае ден и половина. Примирјето, објави Кремљ, е наредено од Путин по повод одбележувањето на Божиќ, кој православните христијани го слават во сабота.

„Не сакав да коментирам за тоа што го зборува Путин. Но, ова ми беше интересно. На 25 декември и на Нова година, тој немаше проблем да бомбардира болници, градинки и цркви. Мислам дека тој всушност сака да се одмори“, им рече Бајден на новинарите, пренесува Си-Ен-Ен.

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го отфрли повикот на Путин за примирје и рече дека „Украина не нападнала странска територија, туку Русија“.

„Прво: Украина не нападна туѓа територија и не убива цивили. Тоа го прави Руската Федерација. Украина ги уништува само припадниците на окупаторската армија на нејзината територија. И второ: Русија мора да ги напушти окупираните територии – дури тогаш ќе имаме привремено примирје. Стоп за лицемерието“, објави Подољак на „Твитер“.

05.01.2023 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега