Белата куќа: Повикот на Израел за преселување цивили од Газа е „тешка задача“

 

Повикот на Израел за повеќе од еден милион цивили во северниот дел на Газа да се преселат во рок од 24 часа ќе биде „тешка задача“, иако САД не се двоумат за одлуката, изјави портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

„Тоа се многу луѓе за многу краток временски период“, рече Кирби во интервју за MSNBC.

„Ние разбираме што се обидуваат да направат и зошто се обидуваат да го направат тоа – тие се обидуваат да го изолираат цивилното население од Хамас, кој е нивна вистинска цел“, додаде тој. Кирби истакна дека американските власти работат со Израел и Египет за да воспостават безбеден премин за цивилите кои живеат во Појасот Газа. Тоа е едно од најгусто населените области на Земјата, каде живеат 2,3 милиони луѓе.

„Се разбира, не сакаме да видиме повредени цивили“, изјави тој подоцна за Си-Ен-Ен.

„Ние поддржуваме безбедно излегување од Газа, а тоа секако ја вклучува и можноста луѓето да се движат безбедно во Газа“, додаде тој. „Овие Палестинци се исто така жртви. Тие не го побараа ова, не му се јавија на Хамас и не им рекоа: „Нападнете го Израел“, истакна Кирби. Кирби рече дека не може да го потврди тврдењето на Хамас дека 13 затвореници биле убиени во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа.

13.10.2023 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега