Белоруското МНР: Има докази за странско мешање во земјата

Белорусија е подготвена за конструктивен дијалог со странските партнери и може да обезбеди убедливи факти за странско мешање во актуелната ситуација во земјата, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи.

-Ние предлагаме објективно и без емоции да се разбере што, како и зошто се случува денес во Белорусија. Ние сме подготвени за конструктивен и што е најважно – објективен дијалог на оваа тема со сите странски партнери. Ние сме подготвени да презентираме непобитни факти кои ја откриваат позадината на тековни настани, вклучително и интервенција од странство, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Белоруското МНР го оквалификува како неприфатливи изјавите на серија европски лидери за претседателските избори во земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа