БЕСА: Премиерот и министерот наместо да се закануваат и притискаат наставници, да им излезат во пресрет на СОНК

Движењето БЕСА го поддржува штрајкот на работниците во образованието и нивните барања за подостоинствена положба во општеството, бидејќи моменталните плати на вработените во образование се под достоинството на професионалниот живот, се наведува во соопштението на движењето БЕСА испратено до медиумите.

„Како што правото на образование е загарантирано со закон, така и правото на штрајк е загарантирано како основно право во секоја држава во светот. Апелираме до Владата,што поскоро да најде решение за понудените барања на СОНК , бидејќи штрајкот никому не оди во прилог, особено не на учениците. Со усогласување на минималната плата ќе се прекине сегашното изедначување –иста плата на сите вработени, без почитување на степенот на образование и хиерархиската поставеност на работните позиции“, стои во нивното соопштение. 

„Наставниците се најважната алка, кои со својот придонес и труд ја градат иднината на државата и општеството.

Премиерот и министерот многу добро знаат дека со овие примања на наставниците не се зачувува достоинството на семејството и честа на наставникот, па наместо да им се закануваат и притискаат, треба да се потрудат да излезат во пресрет на барањата на СОНК“, наведуваат од БЕСА.

11.04.2022 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега