Бившиот на Северина стана татко по петтипат: На детето му даде 2 имиња

Бизнисменот Милан Поповиќ денеска стана татко по петти пат!

Неговата сопруга Бојана се породи во приватна клиника и на свет донесе здраво момче.

Инаку, ова е петто дете и четврти син на Поповиќ.

– Српскиот крал на бакарот и неговата 28 години помлада сопруга Бојана, по синовите и ќерките, добија уште едно момче на кое му го дадоа името Теодор Александар – открива добро упатен извор за српските медиуми , а понатаму наведува:

– Породувањето помина добро. Бојана и бебето се добро, а момчето ги доби сите најдобри оценки.

Да потсетиме, Поповиќ со пејачката Северина Вучковиќ го има и синот Александар.

22.02.2024 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега