Целосно изгаснат пожарот во oхридско

Целосно е изгаснат пожарот што вчера попладне избувна меѓу охридските села Вапила и Расино, соопши Центарот за управување со кризи.

Според информацијата на ЦУК, пожарот целосно бил ликвидиран до 14 часот и 50 минути.

На терен беа екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Национални шуми, општинските јавни претпријатија и доброволци.

ЦУК претходно информираше дека екипите на терен биле поделени во две групи за полесно да го локализираат пожарот, кој бил на тешко пристапен терен.

Според јавното претпријатие Национални шуми, зафатена е поголема површина нискостеблеста дабова шума, а направената штета дополнително ќе ја проценуваат. 

 

09.08.2022 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега