Дали за креативноста во пасошката криза Пендаровски ќе плати со кандидатурата?

 

Инцијативата на Претседателот Пендаровски пасошите да важат и по 12 февруари, за министерот за внатрешни работи е предизборна кампања.

Ова се први директни искри на јавна сцена меѓу Спасовски и Пендаровски кои се сметаат за најсериозни кандидати за претседателската номинација на Бихаќка. Пред два дена на истата тема искреше и во комуникацијата меѓу Пендаровски и премиерот Ковачевски откако меѓу себе си делеа задолженија и деманти. Премиерот рече дека Претседателот презел обврска да се јави во Грција и да побара пасошите да ни важат и по 12 февруари, на што стигна експресен демант од вила Водно.

Дали креативноста за решение на пасошката криза може да го чини Пендаровски кандидатура за втор мандат се уште е неизвесно имајќи предвид дека официјалниот став на СДСМ е дека постапката за претседателската номинација туку што почнува и сите имаат еднакви шанси.

Во опозицијата нема јавни препирки меѓу потенцијалните кандидати Силјановска и Спасеновски, но не недостигаат нападите кон власта која денеска беше прашана дали профитира врз грбот на народот кој чека на минусни температури.

По ставот на Спасовски и оној на Османи вчера, станува се поизвесно дека старите пасоши по 12 февруари нема да важат. Како што инфомира МВР, до овој момент издадени се околу 1,2 милиони нови пасоши, или нешто помалку од половината од вкупно 2,5 милиони граѓани кои имаат македонско државјанство. 

18.01.2024 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега