Димовски: Да престанат сите казни и ограничувања спрема граѓаните додека државата не набави вакцини

 

Да престанат сите казни и ограничувања спрема граѓаните, фирмите и правните субјекти се додека државата не набави вакцини, предложи поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„Не може сите да бидат казнувани и ограничувани ако не си ја исполнат својата обврска, а државата да биде имун и да биде заштитена...

Со Короната, единствен фактор кој целосно и комплетно не е на ниво на опасноста, не се ни фирмите, ни граѓаните, државата е!

Државата не си ја обавува со Устав и закони дадената ОБВРСКА да се грижи за здравјето на граѓаните...“, напиша Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега