ДУИ: Покачување на просечната плата, исполнивме клучно ветување

 

„Демократската унија за интеграција го исполни и даденото ветување пред граѓаните за зголемување на просечната плата и тоа за рекордно време, година и пол пред даденото ветување.

Просечната исплатена плата во декември 2022 година изнесуваше 34.364 денари што е за 14,8 отсто повеќе во однос на платата исплатена во декември 2021 година.

Демократската унија за интеграција преку многу одговорни економски политики и во време на најголемата светска криза успеа да го одржи стандардот на граѓаните со што ветувањето дадено пред граѓаните е исполнето пред време."- стои во соопштението на ДУИ.

23.02.2023 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега