ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците

Демократската Унија за Интеграција го поздравува постигнатиот договор меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура.

Оваа информација ја обелоденија утринава преку писмено соопштение испратено до медиумите.

„Во услови на најголемата економско-енергетска криза, ДУИ продолжува со политиките на зголемување на платите, со што преку отворениот дијалог го вреднува трудот на работниците. Со овој постигнат договор уште еднаш се докажува дека преку социјален дијалог може да се постигне договор кој е прифатлив и достапен за сите, а со ова вработените во образованието веќе од септември да имаат повисоки месечни плати за 15 отсто, историско покачување на плати.

Демократската Унија за Интеграција е систематски посветена за подобрување на животниот стандард на вработените во образованието, потсетувајќи дека на ова зголемување од 15 отсто му претходеше кумулативното зголемување од 21 отсто од 2017 година, период кога со Министерството за Образование раководеше кадар на ДУИ.

Зголемувањето на месечните плати е во согласност со одлуката да реализацијата започне од месец септември оваа година, додека на сите вработени во образованието кои штрајкуваа да им се даде целосна плата.

Паралелно со зголемувањето на платите во образованието, продолжуваме да ја дефинираме методологијата за постепено зголемување на платите, со што ќе се заштити стандардот на наставниците и истовремено ќе се отстрани политичкото влијание од образованието“, се вели во соопштението на ДУИ.

Во него додаваат дека Демократската Унија за Интеграција, низ овие 20 години се покажала како одговорна партија која стои покрај граѓаните и истата, како што е навеедено ќе продолжи и во иднина да го подобрува животниот стандард, дури и во услови на економска криза.

18.05.2022 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега