Џорџ Сорос: Ние сме во најлошата криза по Втората светска војна, луѓето се дезориентирани и преплашени

Американскиот инвеститор и милијардер ЏорџСорос го прослави својот 90 рденден во како што наведе „најголемата криза во неговиот живот по Втората светска војна.

„Ние сме во криза, најголемата криза во мојот живот по Втората светска војна. Би ја опишал како револуционерен момент кога распонот на можности е многу поголем од нормалните времиња. Луѓето се дезориентирани и преплашени. Прават работи кои се лоши за нив и за светот“, изјави Сорос за италијанска „Република“.

Тој смета дека Европа е многу ранлива, многу повеќе од САД и изрази надеж дека Трамп ќе загуби на претседателските избори во ноември.

„Но, во САД имате долга традиција на проверка, рамнотежа и воспоставени правила. Над сè го имате Уставот. Така да, уверен сум дека ќе се покаже дека Трамп е преоден феномен кој, се надевам, ќе си замине во ноември. Но, тој и натаму е многу опасен, се бори за сопствениот живот и ќе стори се за да остане на власт затоа што го повреди Уставот на многу начини. Ако ги загуби изборите, ќе се смета за одговорен. Но, Европската унија е многу поранлива, затоа што е некомплетна унија. Има многу непријатели, внатрешни и надворешни“, изјави Сорос.

По повод одлуката на ЕУ да одобри фонд од 750 милијарди евра за опоравување, вели дека ЕУ направила многу позитивен чекор кон својата обврска да позајми пари во многу поголема количина од било кога.

Но, како што додаде, потоа неколку земји, таканаречената „Штедлива петорка“ - Холандија, Австрија, Шведска, Данска и Финска успеале да го намалат ефектот на постигнатиот договор.

 

„Трагедијата е во тоа што тие земји во основа се проевропски, но се многу себични. И многу штедливи. И, прво доведоа до договор кој ќе се покаже несоодветен. Намалувањето на плановите за климатски промени и одбранбената политика е посебно разочарувачко. Второ, сакаат да бидат сигурни дека парите правилно се трошат. Тоа им создава проблеми на јужните земји кои се најтешко погодени од вирусот“, изјави Сорос.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега