Евроамбасадорот Гир за „Прес24“: Доколку не се усвојат уставните измени, ЕУ нема да исчезне, ама ќе се одложи процесот за Македонија да стане членка

 

„Доколку не се усвојат уставните измени, во тој случај ќе се одложи процесот на интеграција во ЕУ. Што значи дека некои други држави ќе бидат во можност да одат напред, што значи практично дека ќе Ви треба повеќе време за да станете членка на ЕУ“. Вака евроабасадорот Дејвид Гир за „Прес24“ објаснуваза тоа какво сценарио ја очекува Македонија, доколку не бидат усвоени уставните измени. Потенцираше дека ЕУ немало да исчезне, додавајќи дека истата ќе продолжела да го поддржува реформскиот процес на државата.

„ЕУ нема да исчезне. Ние остануваме тука со Вас, да го поддржиме реформскиот процес и ние сме сме тука да помогнеме на сите кои сакаат оваа земја да има европска иднина“, додаде Гир.

Предизвикот наречен уставни измени стартуваше без поддршка на опозицијата, кога во вторникот предлог-текстот на Владата стигна во парламентот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери експресно закажа стартна расправа во Комисијата за европски прашања во вторник, а првата пленарна седница ја испланира за 18. август.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски текстот на владиниот предлог за уставни измени го категоризираше како „тотално неразумен и неприфатлив“. Од власта пак сметаат дека се уште има време за менување на ставовите на пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ова прашање.

И додека бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека уставните измени се само една, од обврските кои Бугарија ќе ги бара од Северна Македонија да ги исполни, амбасадорката на САД во земјава, Агелер потенцираше дека специјалниот преставник на САД за ЗБ, Габриел Ескобар интензивно работел на тоа бугарската влада да не поставува нови услови за нашата држава.

Не сум разговарала ниту со Ескобар по неговото излагање, ниту со Радев, но не е важно да се фокусираме толку на тоа што тие го кажуваат, тука на тоа што е направено тука, бидејќи на крајот на денот, ако луѓето тука се посветени на ЕУ не е важно што велат Габриел или Радев, изјави Агелер.

Гир пред јавната дебата, на пратениците им порача да внимаваат на добрите меѓуетнички односи коишто веќе постојат во државата и како што рече, да ја земат в предвид поголемата геополитичка ситуација, алудирајќи на случувањата во Украина и воопшто, на случувањата на политичката сцена.

Габриела Лескова

21.07.2023 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега