Филиповски: Доаѓа крајот на урбанистичкиот хаос во Аеродром

Сигурен сум дека со граѓаните ќе го одбереме најдоброто за општината. Како клучнa цел ми е да ставам крај на урбанистичкиот хаос во општината, особено во урбаното јадро. Сите овие години, градењата се водеа по ДУП-ови кои се носени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник во општина Аеродром, Александар Филиповски за емисијата „Топ тема“.

Во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром беше донесен деталниот урбанистички план со кој се овозможи градење на парцелата кај Мајчин Дом – за што гласаше и актуелниот носител на листа на ДПМНЕ Дејан Митески. Советничката група на Социјалдемократскиот сојуз жестоко и јавно се спротивставуваше на оваа одлука. Спротивно на манипулациите на Муцунски, ниту еден од советниците на Социјалдемократскиот сојуз не гласаше за тој урбанистички план.

 Филиповски понатаму зборуваше за програмата по која ќе работи следните четири години.

Во неа се предвидени две нови градинки во Мичурин и Ново Лисиче, значително подобрување на хигиената преку реорганизација на комуналните служби и набавка на цистерни за миење на улиците. Дополнително, предвидено е ново зеленило од над 2000 висококвалитетни дрва и парк од над 5000 метри квадрати долж реката Вардар. Од инвестиции за младите ќе се изгради младински центар, предвидено е проширување на ООУ „Блаже Конески“, како и повеќе инвестиции за младите таленти и претприемачи.

-Цел живот сум го поминал во Аеродром, ја знам секоја улица и секое ќоше и ги знам суштинските проблеми на граѓаните на Аеродром. Се кандидирав затоа што имам силна поддршка од граѓаните, а таа поддршка секојдневно расте, заврши Филиповски.

28.09.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега