Филиповски: Повеќе културни настани во Аеродром и поддршка за домашните изведувачи

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ и Коалицијата, Александар Филиповски најави зголемување на културата на локално ниво. Програмата предвидува организација на општински културен фестивал, што ќе прерасне во традиција на локалната самоуправа.

– Фокусот ќе биде ставен на ангажирање на домашни изведувачи, талентирани млади и искусни културни работници. Затоа што домашната културна сцена мора повеќе да ја вреднуваме, изјави Филиповски,

Тој најави и работа со учениците од основните училишта, односно можност да ги поврзат драмските секции со професионалните театри. Кандидатот на СДСМ додаде дека на тој начин ќе се овозможи развој на талентот кај младите луѓе, но и можност театрите да ги мапираат идните наши културни работници.

– Нема да ги заборавиме и лицата со попреченост. Планираме културни содржини кои ќе бидат достапни и приспособени и за нив и овие лица ќе бидат вклучени во истите, изјави Филиповски.

Тој вети и поддршка на фестивалот „Гола месечина“, како препознатлив културен „белег“ на Аеродром. 

09.10.2021 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега