(ФОТО+ВИДЕО) Пендаровски му го врачи премиерскиот мандат на Џафери

 

Претседателот на државата Стево Пендаровски му го врачи премиерскиот мандат на сега веќе екс собранискиот спикер Талат Џафери. Поранешниот претседател на Собранието, е на чекор да стане премиер на техничката влада чијшто состав треба да биде изгласан најдоцна до недела на полноќ. 

Утрово пред утврдување на дневниот ред на 139-тата собраниска седница, беа констатирани оставките на Димитар Ковачевски и Талат Џафери, за коишто не дадоа образложение. Нивните оставки беа поздравени со пратенички аплауз. 

Со оставката на Ковачевски, практично прекува и мандатот на сите министри во Владата. 

На денешната седница беше избран и новиот собраниски спикер. Со 64 гласови ЗА и 40 против од oпозицијата, пратеникот Јован Митрески од редовите на СДСМ е избран за претседател на Собранието на Македонија, кој на таа функција според меѓупартискиот договор, треба да остане до крајот на мандатот на овој парламентарен состав. 

Потоа, во Кабинетот на Џафери следуваше примопредавање на фукцијата - претседател на Собранието.

Кои се следните чекори?

Новиот премиер на техничката Владата во текот на утрешниот ден ќе треба да предложи владина програма и министерски состав на неговиот кабинет согласно предлозите на власта и опозицијата.

Во однос на имињата на техничката влада која треба да биде формирана најдоцна до недела, 100 дена пред парламентарните избори, кои треба да се одржат заедно со вториот круг претседателските на 8-ми мај, власта не прави значајни промени.

Ќе има само две кадровски поместувања, во министерството за внатрешни работи, шефот на Кабинет на Спасовски ќе стане дополнителен заменик министер за внатрешни работи и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе стане заменк министер за труд и социјала. Овие кадровски решенија се направени оти практично треба да и припаднат на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ веќе избра кадри за двајца министри и тројца замеици министри. Преку дебата „Важно е“, денеска опозицискиот лидер ги презентираше новите предложени кадри.  

Панче Тошковски е предложен кандидат за технички министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски, предложен кандидат за технички министер за труд и социјална политика. 

Опозицијата ја предложи Елена Петрова како кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Цветан Трипуновски, за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Стефан Андоновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

Седницата за избор на техничка влада ќе биде закажана за во недела, а гласањето треба да биде реализирано најдоцна до полноќ, а по бирање на министрите, ќе се гласаат и замениците за техничката влада биде комплетирана.

26.01.2024 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега