Голем руски напад на Херсон и Запрожје

 

Воениот лидер од Запорожје Јуриј Малашко изјави дека Русите извршиле 133 напади на 21 место во овој регион.

Во тие напади се ранети 30-годишен маж и 35-годишна жена. Загинаа и 46-годишна жена и 71-годишен маж.

Пријавено е уништување на 11 станбени објекти.

Украинските власти објавија дека Русите силно го гранатираат Херсон и областа покрај левиот брег на реката Днепар.

„Оштетени се куќи, автомобили, гасни мрежи. Некои гранати не експлодираа и мораа да бидат отстранети од спасувачите. Повредени се 11 локални жители. Меѓу нив има и 9-месечно дете“, вели локалниот воен водач Олександр Продукин.

 

08.10.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега