Граѓанската обврзница ќе значи пари за бизнисите на Груби и Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Опозициската ВМРО-ДПМНE оценува дека власта преку граѓанската обврзница ги зема парите на граѓаните од банките и стопанството и ќе троши на тендери и матни зделки. Гранската обврзница, како што велат, ќе значи пари за бизнисите на Груби и Ковачевски.
„Со самиот факт што граѓанската обврзница ќе има поголема камата од каматата која ја даваат банките, таа ќе стимулира повлекување на средствата на граѓаните кои лежат како депозити во банките и ќе го намали со тоа фондот на пари достапен на банките за кредитирање на граѓаните и стопанстовото. Лага е тезата дека средствата ќе бидат наменети за развојни проекти. Ако средствата од граѓанската обврзница беа за развојни проекти, тогаш обврзницата ќе беше развојна или проектна. Вака како што е остава простор парите да се трошат на матни тендери и договори во 4 очи, кои немаат ни Р од развој“, се истакнува во реакцијата.
Според партијата на Мицкоски, граѓанската обрвзница е во износ од 50 милиони евра, што е 20% од годишната депозитна база на банките. Истата се зема на две години, и со тоа паѓаат во вода сите тези дека сакаат да обезбедат долгорочна одржливост.
„СДС е елементарна непогода за јавните финансии и финансиската стабилност“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа