Грција: Млад човек спаси татко од давење во морето

 

Викендов на плажата Епаноми кај Солун се одиграла вистинска драма со среќен расплет, која ја потресе јавноста. Две деца од Романија, туристи на возраст од 13 и 15 години, биле зафатени од силна морска струја што ги однела кон отворено море. Во обид да ги спаси, нивниот татко скокнал во водата, но бргу се исцрпел и за малку ќе завршел трагично.

Сцената се случила во неделата попладне и траела околу десет минути. Случајно сведок на драмата бил младиот Евангелос Папајоану, кој во тој момент се наоѓал на таканаречена СУП-даска. Тој забележал што се случува и веднаш тргнал кон давениците. Камерата што ја носел со себе го снимила целиот настан.

На видеото јасно се гледа како Папајоану најпрво му приоѓа на исцрпениот татко, кој едвај се одржувал на површината, полусвесен и во паника, додека брановите го влечеле подалеку од брегот. Благодарение на брзата реакција на младиот спасител, таткото и двете деца биле извлечени од опасната ситуација и однесени на безбедно.

Овој херојски чин предизвика бројни позитивни реакции во Грција, а локалните медиуми го истакнаа Папајоану како пример за храброст и присебност во моменти кога секунди одлучуваат меѓу живот и смрт.

21.08.2025 - 23:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега